ЖИВОТ ПОСВЕТЕН НА КНИЖЕВНОСТА
Во своите дваесетти, со елегична сигурност знаеше
дека ќе умреш млада. Срцевиот удар на татко ти
тоа дополнително ти го потврди.
Триесеттата ти беше најлоша година: триесеттите фатални за генијот,
а генијот непризнаен од наводните пророчишта.
Помислуваше на објавување;
потоа напис во весник – пријател паднал мртов на улица –
врсник, енергичен уводник
кралска пеперутка на триесет и четири –
тоа некако те орасположи. Планираше гласно и подробно,
поради тебе издавачите ризикуваа, критиките ти беа наклонети
откако научи да се шегуваш, а косата ти се проретчи,
и по неколку тромбози се насели на мирно
советничко место: член на Совети
подготвувајќи се да живееш засекогаш.
ДАЛИ Е ТОА ПОЕЗИЈА?, ПРАШУВААТ
Дали е навистина
поезија? Понекогаш крај огништето
(а имало оган, нема сомнеж)
Елен прашуваше, дали е сè уште светло?
Ѕуревме во избелувачките снегулки
и парчињата вколчени околу црниот трупец.
Беше подобро кога ќе ја изгасневме ламбата.
Надвор беше појасно, тревата
и честакот и оградите и врвовите на дрвјата
ревеа и секаа со милји наоколу
а пожарникарите беа престрашени.
На пошироко рамниште, сонцето и ѕвездите
се единствените докажани поети.
Ни нивниот јазик ги напушта, топлината
на ова и светлината на она.
Многумина биле познати по ова
што го гледаме – светлосни години наназад!
А сепак, современиците на нашите деца
ќе нè кудат поради неизведување заклучоци.
Да се вратиме кон нашиот нетрпелив прашувач,
поетот, дланкава која грее,
насликаните ролетни и ѕвона на черепот
кој натекува или штрака на ветрот,
и нашиот чуден станар кој се двоуми
топло или ладно? Има ли нешто таму надвор?
СРЦЕТО НА ВЕШТЕРКАТА
Возејќи во мразната вечер
до гужвата во ветровитото фоаје на Комеди
одиме да видиме како црвена кучка крева
единаесет мртви благородници од гроб
единаесет дами кои славеле
а минал век од нивниот закоп
ох добро пееле и тешко живееле
жени за една ноќ во слепа улица
и студи од ветрот и црнилото на улицата
и доаѓа лапавица која посолува бело
и низ синото и темното на Комеди
ние ќе бидеме благородници смајани и светнати
и силувани и повредени и сиромашни
и затворени и мртви и млади кои ги болат
дамите високо на ветрот и дождот
кој ги осветлува и ги толчи
една црвенокоса кучка зборува со години
единаесет мртви курви се облекуваат во сино
вештеркиното срце пее од бескрвното лице
и триумфира над неволјата
This post is also available in: English