„Настаната во „грчко-византиска културна средина“, глаго-
лицата претставува мошне автентична и „сложена струк-
тура, како со оглед на нејзината семантичка страна богата
со христијанска симболика, така и од палеографска и линг-
вистичка гледна точка“ (Петар Хр. Илиевски, 2006, 146).
Глаголицата е свесно создадена со цел да ги означи графички посебните словенски гласови (ги има 14 диференцијални словенски гласови и графеми). Глаголицата е автохтон буквен знаковен систем кој содржи идеограми и пиктограми кои ја правеле податлива за сакралната комуникација и семиотика, за христијанската религија и теозофија, како и за мистичната мисла и метафизичкиот ум устремен кон нечујните и едвај чујните (неми) сфери. Устројството (семиозис) на глаголицата е синтеза од грами/графеми/идеограми, слова/букви, иконични знаци, нумерички буквеноцифрени величини, астролошки, теозофски, мистични симболи со извонредни естетски и етички одлики.
На следниов линк може да ја преземете книгата:
Македонската глаголица (Ѓорги Поп-Атанасов)
This post is also available in: English