Основач

image“Катица (Ката) Ќулавкова е родена на 11 декември, 1951 година во Велес, Република Македонија. Таа е поет, теоретичар на литературата и есеист. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. На истиот факултет магистрирала, а докторирала на Филолошкиот факултет во Загреб, Хрватска, во 1986 -та година. Денеска, таа работи како редовен професор на катедрата по Општа и компаративна книжевност, на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Досега била вклучувана во повеќе научно-истражувачки проекти, била учесник на повеќе интернационални поетски фестивали, симпозиуми и истражувачки проекти (Париз, Истанбул, Москва, Харвард, Неапол, Солун, Лахти, Родос, Загреб, Струга, Лисабон, Мерсеј…). Нејзините песни се преведувани на повеќе јазици и објавувани во избори на современата македонска поезија.
Таа е член на Македонската Академија на Науките и Уметностите, на Македонскиот ПЕН Центар, на Друштвото на писателите на Македонија, на Друштвото на Компаратисти на Македонија. Претседател на Комитетот за Превод и Јазични Права на Интернационалниот ПЕН. Главен уредник на интернационалното електронско издаваштво за поезија, фикција и есеистика, Diversity/Diversite/Diversitas/Raznolikost (www.diversity.org.mk).”