Започнува Skopje Pride Weekend 2017 – ТРАНС-ФОРМАЦИИ

diversity.org.mk

 

Да се молчи кога сите викаат е присуство, да се вика кога сите викаат е револуционерно исчезнување. Да не се заборави: мимикријата е начин да се преживее, а различноста – да се живее.

Од утре (22 јуни, четврток) започнува омилениот Викенд!
Skopje Pride Weekend 2017 – ТРАНС-ФОРМАЦИИ ќе се оддржи во Скопје на неколку локации и ќе трае до 25 јуни, 2017.

raznolikost

Овогодишниот Викенд е во организација на Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници и ЛГБТИ-Центар за поддршка при Хелсиншкиот комитет.
Учество на Skopje Pride Weekend 2017 – ТРАНС-ФОРМАЦИИ ќе заземат неколку извонредни уметници од државата и од странство.

This slideshow requires JavaScript.

Користиме прилика официјално да му се заблагодариме и да го поздравиме  кураторот М-р Димитров Славчо за изборот на уметници (учесници) на овогодинешното издание на Skopje Pride Weekend 2017 – ТРАНС-ФОРМАЦИИ.

Автори на воодушевачкиот дизајн на плакатот (како белег за овогодинешното издание на Skopje Pride Weekend 2017 – ТРАНС-ФОРМАЦИИ) се: Игор ДЕЛОВ и Бисера КРЧКОВСКА
18835752_1393106807440129_2146621707707576805_n
Целта на серијата настани во рамките на Викендот на гордоста е да креираат простор за ненормативни форми на социјални светови, односно релации, идентитетски позиции, и телесни стилови, кои во рамките на хетеронормативното, националистичко и неолиберално капиталистичко опкружување се означени како настрани, изопачени, изродени, ненормални, неуспешни, патолошки, чудни итн.
Носечка идеја зад овогодишниот Викенд на гордоста се ТРАНС-ФОРМАЦИИТЕ. Со оваа носечка идеја сакаме да го отвориме прашањата за различните општествени и културни норми со кои се врамува човековата телесност, особено преку оските на родот и на сексуалноста. Уште позначајно, сакаме да ги претставиме и да експериментираме и со можностите за отпор и лизгање од нормативните решетки, токму преку самата телесност.

Во прилог е разноликата програма за фестивалот:

22.6 (четврток) (Мала станица – Национална галерија на Македонија)
20:30 ч. EXPEAUSITION/ИСКОЖБА
Изложба на Cassils (CAN)

23.6. (петок) (Кино Култура)
21:00 ч. Перформанс на Hélène Bee и Victor Marzouk (FRA) – Metagender

24.6. (сабота)
12:00 – 16:00 ч. (Кино Култура)
BUTOH KING работилница (работилницата е од затворен тип)
Hélène Bее и Victor Marzouk

17:00 ч. (Мала станица)
Боли: Уметност, перформанс и болка
Предавање на Dominic Johnson (UK)

00:00 ч. (Клуб Епицентар)

Live performance на Aèrea Negrot / BPitch Control (GER)
Соња Исмаил
THE MOUNTAIN (MK/NL)
„Со окото на маргините“ – изложба на квир-фотографии

25.6. (недела) (Кино Култура)
20:30 ч. Дрег кабаре – Ефемерни исповеди: песни за декаденцијата, луксузот, љубовта и омразата (СРБ)

* Фестивалот е поддржан од USAID, ФООМ, Heinrich Böll Foundation и Sigrid Rausing Trust.