ПРИКЛУЧИ СЕ И ТИ за БОШ!

BOSH-7

 

Од денес слободно ќе можете и електронски да донирате за седмото издание на БОШ ФЕСТИВАЛ!

Секоја донација е добредојдена за да го прославиме 7-от роденденден на мултимедијална платформа, низ која се слави креативниот израз во урбан контекст– БОШ ФЕСТИВАЛ.

Затоа, доколку се сметате себеси за доволно слободни и креативни, и пред сè, со широко отворена душа, Гевгелија е вистинското место за вас од 28 до 30 август 2015 година.
Во текот на трите фестивалски дена (петок, сабота, недела), предвидени се бројни, off-mainstream содржини (професионални и аматерски), како на пример театарски претстави и перформанси, музика, поезија, филмови и видеоарт, изложби, работилници и други форми на интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања.
Сите настани ќе бидат бесплатни!

Со секоја донација добивате подарок од БОШ Фестивал, за повеќе информации за ДОНИРАЊЕ  кликнете на линк -от.

БОШ е инвазија врз духот, акт за маркирање на културно-естетска, слободна територија!
БОШ е и фузија и конфузија, и сензибилизација и вулгаризација!

Првото издание на БОШ ФЕСТИВАЛ се случи во 2009 година, а во чест и сеќавање на прерано починатиот актер и поет, Бошко Бозаџиевски (1981-2008). Истиот е посвета од неколку блиски пријатели.

 

 

 

Магдалена Делкова

This post is also available in: English