Во четврток, 2 февруари 2017 во 19:00 ч. во кафе-книжарницата МАГОР, Скопје ќе се одбележи 135 години од раѓањето на авторот Џејмс Џојс.
Група студенти од катедрата Општа и компаративна книжевност во соработка со кафе книжарницата Магор, организираат настан: Пијани Даблинци во Скопје по повод одбележувањето 135 години од раѓањето на Џејмс Џојс.
„Почитуваниот Џејмс Џојс рекол дека животот е премногу краток за да читате тривијална литература. Ние тука во Магор се согласуваме и се надоврзуваме: животот е премногу краток за да читате тривијална литература и да пиете лош алкохол. “, забележуваат организаторите.
Во чест на Џојс ќе се читаат извадоци од неговите дела и ќе се наздрави за животот со free shot-ови именувани: Пијани Даблинци. За музичката селекција ќе се погрижат Стефан и Андреј Влашки.
Книжевниот настан Пијани Даблинци во Скопје е од отворен карактер.
***
Џејмс Огустин Алојшис Џојс или попознат како Џејмс Џојс 2 февруари 1882 – 13 јануари 1941) — истакнат ирски модернистички писател кој се смета за еден од најзначајните писатели во книжевноста напишана на англиски јазик. Се смета за родоначалник и втемелувач на прозен и експериментален пристап, познат под името „состојба на свеста“. Со своите дела Џејмс Џојс извршил големо влијание врз светската книжевност.
Џојс извршил огромно влијание врз развојот на психолошкиот роман во 20 век, развивајќи ја до совршенство постапката на пишување, наречена „внатрешна постапка“, која пред него, први ја примениле Дороти Ричардсон и Вирџинија Вулф. Тој раскинал со традицијата на класичниот роман од времето на реализмот во кој се проследува животот на главниот лик од раѓањето до зрелоста (или до смртта) и наместо тоа, тој се фокусира врз содржината на свеста на главниот лик и на неговиот психолошки профил. Во тој поглед, творештвото на Џојс претставува надградба на методот на претходникот на модерниот психолошки роман – Хенри Џејмс, кој сметал дека авторот треба да земе едно лице (т.н. “централна интелигенција”) и преку него да го претстави целото дело. Врз таа основа, Џојс бил еден од писателите кои ја развиле„постапката на текот на свеста“, каде што внатрешниот монолог и недорешениот тек на свеста на главниот јунак постануваат основно изразно средство на модерниот роман. Творештвото на Џојс претставува комбинација на симболизмот и натурализмот, менување на најсуптилните мисловни и емоционални доживувања со животинските човечки активности.
Позначајни дела на Џојс се:
„Стивен Хиро“ (1904-1906)
„Камерна музика“ (1907)
„Џакомо Џојс“ (1968)
„Даблинци“ (1914)
„Портрет на уметникот во младоста“ (1916)
„Прогонети“ (1918)
„Улис“ (1922)
„Собрани песни“ (1936 )
„Бдеењето на Финеган“ (1939)