Надреализам, тоа сум јас – Салвадор ДАЛИ

400,223,true,mid8152501

 

400,223,true,mid8152501 Салвадор ДАЛИ  (11 мај 1904 во Фигерас, 23 јануари 1989) е шпански сликар и протагонист на надреализмот во Франција и САД. Делото на Дали е забележливо по неговата впечатлива комбинација на бизарни халуцинантни претстави и извонредна сликарска умешност под влијание на ренесансните мајстори. Дали е уметник со огромни талент и имагинација. Тој има признаено дека често сака да прави необични нешта со цел да го привлече туѓото внимание, што некогаш ги иритира и оние што ја сакаат неговата уметност како и оние што го критикуваат, со оглед на тоа што неговиот ексцентричен однос знае да го засени неговото дело во окото на јавноста.

16215919_10206013998788878_1848006011_n

Делата на Дали се одликуваат со распространет симболизам. На пример, меките часовници што за прв пат се појавуваат во Доследноста на сеќавањeто (The Persistence of Memory) ја поддржуваат Ајнштајновата теорија дека времето е релативно, а не фиксно.

16215595_10206013998868880_1513927847_n

Идејата за симболичното функционирање на часовниците на ваков начин, му се јавила на Дали кога еден топол ден во август беспрестан гледал во парче сирење.

16244490_10206013998828879_681864915_n

 

      Слонот е исто така симбол кој се појавува во делата на Дали. Прв пат се појавил во 1944 во неговото дело, Сон предизвикан од летот на една пчела. Слоновите, инспириран од скулптурата на Џиан Лоренцо Бернини во Рим, се портретирани, со долги, повеќе споени, скоро невидливи нозе, со споменици на нивните грбови. Споени со сликата на нивните слаби нозе, овие отежнувања, креираат чувство на фантомска реалност.

Салвадор Дали - “Сон предизвикан од летот на една пчела околу една калинка, една секунда пред будење“

Салвадор Дали – “Сон предизвикан од летот на една пчела околу една калинка, една секунда пред будење“

Салвадор Дали: Јас сликам слики што ме прават да умрам од радост, јас креирам со апсолутна природност, без и најмала естетска грижа, јас правам нешта што ме инспирираат со длабока емоција и се трудам да ги насликам нештата искрено.

4-10-pomalku-poznati-fakti-za-salvador-dali-kafepauza.mk_

Јајцето е друг симбол што исто така се сретнува во делата на Дали. Дали го користи јајцето да симболизира надеж и љубов. Се појавува во, Големиот Мастурбатор (The Great Masturbator), и во, Метаморфозата на Нарцис (The Metamorphosis of Narcissus). Исто така тој користи и други животни како симболи кои се провлекуваат низ неговите слики: мравките укажуваат на смрт, гниење, и огромна сексуална желба; полжавот го поврзува со човековата глава (тој видел полжав на точак пред куќата на Фројд кога и првпат го запознал Сигмунд Фројд); и скакулците кои се симбол на губиток и страв.

diversity

Ова се дел од неговите најпопуларни коментари и цитати:

  •  Продавањето без реклама е исто како и намигнување на девојка во темница. Ти знаеш што правиш, но никој друг не знае.
  • Постои само една разлика меѓу мене и лудаците. Лудакот мисли дека е нормален, а јас знам дека сум луд.
  • Кога некоја жена купува машка кошула – тоа е знак дека е заљубена.
  • Јас не се дрогирам. Јас сум дрога.
  • Интелигенција без амбиција е птица без крила.
  • Музика за време на вечера е навреда и за готвачот и за виолинистот.
  • Немој да се плашиш од перфекција – и онака никогаш нема да ја достигнеш.
  • Постојат денови кога мислам дека ќе умрам од предозираност од задоволство.
  • Војните никогаш не повредиле никого освен луѓето кои загинале.
  • Првиот човек кој некогаш го споредил образот на млада девојка со роза е поет. Првиот кој го повторил истово веројатно е идиот.
„Големиот мастурбатор“, Салвадор ДАЛИ

„Големиот мастурбатор“, Салвадор ДАЛИ