Многу простор,
а уште повеќе време
стоеше меѓу нив.
А, тој пак постојано нагодуваше
за средбата што ја закажа
во лош дождлив ден.
Случајна средба.
– Никогаш не те заборавив, и рече
А беше со друга
со која го потроши
целиот живот
без да (ја) заљуби.
***
Сика ДАВИДОВСКА е родена 1955 година. Таа е библиотекарка на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.
Досега нема објавено ниту една книга. Песната „Химера“ и е прва објавена песна од многуте напишани.