Неверојатноста на Лукаш за доближување на спротивностите

12570817_10203884841401274_1224430996_n

 

 

       Владимир Лукаш е македонски уметник со раскошен спектар на таленти. Тој е познат многу повеќе како ликовен уметник, а помалку како џез – музичар, аниматор и илустратор.
Накратко, ќе се обидам да ја претставам неговата неверојатност за доближување на спротивностите преку ликовната уметност.
Додека лесно подзапирате пред некое ликовно дело од В.Лукаш, не можете да се тргнете и да го заборавите. Тоа едноставно не е возможно. Бидејќи кога го набљудувате Лукаш преку неговите (ликовни) дела, кај вас се создава чувство на пресвртеност на нештата, насочено од желбата да се промени светот а, ако тоа не е можно, тогаш барем навиката на нашите сетила и на нашата свест во доживувањето на светот.

        Владимир Лукаш дипломирал на одделот за инструментален џез на Факултетот за музичка уметност на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

2.3.FOTO_GRUPNA IZLOZBA_AKSC

Групна изложба во „Автономно културно-социјален центар“ (АКСЦ)

 

Зад себе има неколку самостојни и групни изложби, перформанси, креативни работилници за  деца (дел од нив беа одржани во Автономен културно-социјален центар, АКСЦ во Скопје)

 

2.2.FOTO_RABOTILNICA_AKSC

Работилница за деца под менторство на Владимир Лукаш во „Автономен културно-социјален центар“ (АКСЦ)

 

но, исто така Лукаш е автор на неколку  анимации, музички видеа и дела од областа на видеоартот.

 

 

 

 

 

 

Неодамна, беше проектиран извонредниот краток анимиран филм „Девојката што паѓа“ од Владимир Лукаш devojkata sto pagja.previewво рамки на „Анимакс Скопје Фест“. Оригиналното сценарио на краткиот филм „Девојката што паѓа“  е на младиот писател Иван Шопов, којшто се инспирирал од истоимениот расказ на Дино Буцати.

„Овде следиме една трагичната приказна за една девојка „заглавена“ во лимбото меѓу двете реалности што ги живее паралелно… Од стилски аспект станува збор за мрачна црно-бела фантастика, во традиционална катаут-анимација. Тоа е една од најстарите техники на анимација, која, за да ги оживее, ги „размрдува“ плошните најчесто хартиени ликови и заднини. Најдобар пример за ваков тип анимација се филмовите на Јури Норштајн „Еже во магла“ и „Приказна на приказните“.“, вели Лукаш. [Интервју: Нова Македонија бр.23293, 2014]

 

 

      Лукаш исто така е дел од перформанс – бандата „Свирачиња“ со кои досега биле дел од повеќе мултимедијални проекти, меѓу кои и на фестивалот БОШ во Гевгелија.


    2.4.FOTO_SVIRACINJA „Свирачиња“ е перформанс-банда составена од мултимедијални уметници, која се обидува на еден гротескен начин да биде критична кон општествено-политичкиот нонсенс што владее со земјава повеќе од две децении. Звучниот и визуелниот свет се нераздвојни пријатели: замислете да шетате по улица, парк, планина и притоа да не чуете никаков звук? Колку ли страшно би било тоа.“
забележува В.Лукаш [Интервју: Нова Македонија бр.23293, 2014]

 

      Во делата на Лукаш најизразено се забележуваат влијаниа од надреализмот, од игривоста на Дада воопшто. Тој доста чесно се повикува на книжевни теми и/или  книжевноста воопшто како една (негова) карактеристика при творењето, создавањето.

„Судбината на односите меѓу книжевноста и другите уметности е слична со судбината на самата компаративна книжевност“ – констатира хрватскиот теоретичар Мирослав Бекер во поглавјето Книжевноста и другите уметности од книгата „Увод во компаративната книжевност“.

      Павао Павличиќ од студијата  „Интертекстуалност и интермедијалност“, всушност тој ја употребува основната бинарна опозиција конвенционална наспроти неконвенционална интертекстуалност, при што во корените на првиот тип интертекстуалност се наоѓа т.е. „естетика на идентичност“ а втората карактеристична т.н. „естетика на различност“. Врз овие основи Павличиќ настојува да ја направи и дистинкцијата меѓу модерната и постмодерната интертекстуалност.
Во однос на интермедијалноста како феномен неразделив од интертекстуалноста, Павличиќ потенцира дека таа претставува „постапка во која структурите и материјалите карактеристични за еден медиум се пренесуваат во друг, еден од тие медиуми обично е уметнички. Ако се анализираат интермедијалните релации меѓу книжевноста и ликовната уметност, доаѓаме до неколку основни модели, но вво нашиот случај, земајќи го целокупното ликовно творештно на Владимир Лукаш, тогаш би можеле да заклучиме дека

  • Во книжевното дело се спојуваат средства карактеристични за ликовната уметност (линија) со средства карактеристични за книжевноста (збор) за да се добие нешто трето, коешто ги задржува карактеристиките и на двата медиуми во нивните препознатливи облици. Како најкарактеристичен пример на овој вид интертекстуалност се издвојуваат песните на Аполинер.

      А, Аполинер нé носи до Лукаш најмногу преку користењето на колажот. Колажот настанува и/или припаѓа на авангардните правци од почетокот на 20-от век. „Papiers collés“ или исечоци од хартија – ѕидни тапети, весници – кои се лепат врз делови од слики насликани во друга техника. Тоа сé уште не се колажи – бидејќи залепените делови не се во несогласност со средината во која се внесуваат. Во времето на Дада колажот е веќе поблиску до својата улога. Тие исечоци од весници, фотографии, залепени на книги, слики и сл. (многу често можете да ги забележите и кај Владимир Лукаш) сите тие треба да го сугерираат хаосот на светот и нивната порака е во тоа дека нема поврзувачки елементи во нивната физичка доближеност, како што нема никаква смисла ни светот од чија стварност се тие земени. Тој миг или Случај е битен. Но, за Лукаш како и за надреалистите, значајна е таа поврзувачка нишка меѓу (речиси) случајно доближените реалности колку и тоа да звучи парадоксално. Тој миг или Случај повеќе не е доказ за  хаотичноста и апсурдноста на светот ами обратно: за неговата сéопшта поврзаност, за постоење на мрежа на причини и последици, што е далеку покомплицирана и посуштинска од онаа што може да биде докажана со помошта на егзактниот пристап.

„Кое е најблагородното откритие на колажот? прашува Макс Ернст.
И одговара: „Тоа е ирационалното“.

       Кај Лукаш т.е. во ликовните дела на Лукаш се забележува тој исечен и залепен дел од стварноста, префрлен во друга стварност со помош на имагинацијата. Нѝ го разурнува чувството на доживеаната реалност и нé префрла во една друга стварност, во еден друг свет во кој сé е возможно и кадешто нашите сетила ја отфрлаат контролата на рационалниот систем. Доста застапен е  мигот на вознемирување и на некој начин изненадување. Како и, доста доминантна карактеристика во ликовното творештво на Лукаш е хуморот.
       Сите тие збунувачки средби  за кои знаеме дека се невозможни, а сепак одеднаш, тука, направени возможни; сите тие необични суштества коишто се појавуаат од длабочините на сонот; сите тие личности поставени во обичен, секојдневен амбиент кој одеднаш добил заканувачки значења пропратени со доза на некој хумор којшто нé засмејува, а воедно и очудува. Како авторот (В.Лукаш) да сака да ни создаде чувство за излегување од колосек на вообичаеното како и чувство на исфрленост од тлото на цврсите навики. Протресен од изненадувањето, гледачот одденаш сфаќа дека неговото секојдневно доживување на светот не е единствено можно и дека заробеноста меѓу решетките на реалноста која ни се чинела дадена еднаш и засекогаш, не е конечна.

       Целокупното творештвно на уметникот Владимир Лукаш може да се разгледува низ повеќе призми, да се опфатат повеќе аспекти. Една од многуте призми  е и ангажираната уметност.
Лукаш, за мое големо задоволство, не престанува да и се спротиставува на суровата и досадната реалност преку различни креативни начини. Во неговите дела може да забележиме дека освен хуморот, изненадувањето, вознемирувањето, очудувањето застапено е и подбивањето со авторитетите, како една од многуте  карактеристики.
Секој уметник низ своите дела што ги создава го дава својот одговор на некои суштински прашања, Лукаш тие одговори ги соопштува најслободарски, подбивајќи се со (речиси) сите авторитети и прогласува, во рамите на своето дело, еден длабоко осмислен празник  на слободата на имагинацијата.

„Да се биде несвесен за случувањата околу нас или, уште полошо, да се молчи е својствено за магарињата, а не за уметниците, кои треба да бидат гласноговорници на угнетените и остри критичари на угнетувачите. Секако дека врамувањата во 21 век, особено во уметноста, веќе се непотребни, но ангажираноста и свеста мора да се манифестираат на овој или оној начин.“ додава Владимир Лукаш [Интервју: Нова Македонија бр.23293, 2014]

 

 

This slideshow requires JavaScript.

 

 

***

Владимир Лукаш е роден во куќичка за кучиња сред Вардар. Како мал одгледува грав и заработува за живот преткажувајќи им судбина на стогодишни јапонки. на 13 годишна возраст го киднапираат горили и следните 20 години живее на едно дрво во Танзанија. Случајно се бди во една шахта во скопската населба Драчево и оттогаш е активен како тестер на експериментални лекови во една локална компанија која ја затворија поради неплаќање данок. Живее и работи во Скопје и одвреме-се појавува на сред плоштад, гол, со глупа гримаса и цевка за коктел во носо.

 

 

This post is also available in: English