Тони Димитров – мултимедиален уметник, културен продуцент и културен истражувач, радио водител и радио активист, филозоф и комуниколог, поет и планинар … но исто така и звучен уметник, DJ, дизајнер, организатор, сопственик на музичка етикета, со седиште во Скопје, Македонија. Кога е дома и не патува, окупиран е со различни активности, од областа на музиката, уметноста и филозофијата кои се очигледно главниот фокус на неговиот интензивен начин на живот, но и други проекти, вклучувајќи читање и пишување, радио и теренски снимки, издавање музика и организирање на музички/уметнички настани, цртање и дизајнирање… Неговата радио емисија ‘post global: conceptual program for new music’ се емитува на музичкото радио Канал 103 веќе 15 години, а е посветена на современата електронска музика, звучни пејзажи и теренски снимки. Ги курира и организира Креативен викенд резиденциите во Лазарополе. На страна од ова, неговите скорешни активности се поврзани со други музички/уметнички /културни проекти како што се Tiny Noise, Radia, Upgrade, Kanal103, Line Initiative and Movement, Produkcija, Solis, Post Global Recordings, Post Global Trio и многу други…