Articles by Тереза Салема

Книжевно име за: Тереза Марија Лоуреиро Родригез Кадет)
Родена на 23. 10. 1947 во Лисабон (Португалија).
Студирала на Freie Universität во Берлин (Западен), Магистер Артиум 1975.
Професор на Факултетот за Литература (Класичен Универзитет во Лисабон) од 1989 (Поранешен асистент на истиот факултет).
Докторска дисертација: Сводот и змијата. Антрополошка перспектива и цивилизациска анализа во теоретските дела на Фридрих Шиле (1988).
Предава и врши истражувања во областите на теорија на културата, интердисциплинарни студии, германска култура.
Член на Португалскиот ПЕН Центар од 1981, член на управниот одбор помеѓу 1988 и 1991 и од 2003.
Како прозен писател (под вистинското име Тереза Родригез Кадет и под псевдонимот Тереза Салема), има објавено повеќе кратки раскази и пет романи: Помеѓу две земји, 1978; Ние, другите (заедно со Казимиро де Брито), 1980; Образованието и сеќавањето на Андре Мариа С., 1982 (Награда на Португалското Здружение на Писатели); Отсутно место, 1991; Бенамонте, 1997 (Награда на Португалскиот ПЕН Клуб).
Други објавени дела: Едиција на теоретските дела на Фридрих Шиле (три тома: За естетското образование на човекот во серија на писма и други текстови; Текстови за убавото, возвишеното и трагичното; За наивната и сентименталната поезија), повеќе студии и написи за теоријата на културата, германската култура, португалската култура, компаративната култура, многу од нив како резултат на учеството на интернационални конференции (Њу Делхи, Даблин, Гвадалахара, Блед) на повеќе јазици.

Во моментов припрема книга со најновите есеи од теоријата на културата (Работен наслов: Помеѓу сводот и лавиринтот), како и роман (работен наслов: Патот до Гебраел).

minotaur

Минотаур

  Познат глас допре до нејзините уши помеѓу вревата од бледи костуми, метал, бетон, електронски плочи и практични желби. Но кога таа се сврте на платформата, се чинеше дека никој не чекори кон неа....