Articles by Никола Маџиров

Никола Маџиров (поет, есеист, преведувач) е роден 1973 г. во Струмица, Македонија. Неговата поезија е преведена на четириесет јазици и објавувана во списанија и антологии во Европа, Азија и Америка. За поезијата од книгата „Преместен камен“ (2007) ја добива европската поетска награда „Хуберт Бурда“ за автори од Источна Европа, како и најпрестижната македонска поетска награда „Браќа Миладинови“. За книгата „Заклучени во градот“ (1999) му е доделена наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга, а за книгата „Некаде никаде“ (1999) наградата „Ацо Караманов“. Според неговите стихови музика компонирал авангардниот американски џез-композитор и саксофонист Оливер Лејк (Oliver Lake), соработник на Бјорк (Björk) и Лу Рид (Lou Reed). Никола Маџиров настапувал на многубројни книжевни фестивали и добитник е на неколку меѓународни награди и стипендии: „International Writing Program“ (IWP) на Универзитетот во Ајова во САД; „Literarisches Tandem“ и „LCB“ во Берлин; „KultuKontakt“ стипендијата во Виена; „Villa Waldberta“ во Минхен и „Villa Marguerite Yourcenar“ во Франција. Координатор е на меѓународната поетска мрежа „Lyrikline“.

mesecina

Различноста и личноста

     Различноста и личноста се две имиња на тивкиот инстинкт кон изворноста. Да се наследи името на некој кој (од)умира е повеќе одржување на поинаквоста од живите, отколку егзистенцијален нагон на традицијата.  ...