Articles by Ненад Јолдески

Ненад Јолдески е роден во 1986 година во Струга. Дипломирал на државниот економски факултет, насока Е-Бизнис. Магистрирал на катедрата за Општа и Компаративна книжевност на државниот филолошки факултет на тема „Интертекстуална иронија во модерниот и постмодерниот расказ“. Автор е на првонаградента книга на конкурсот НОВИТЕ (2009) „Штамата на Енхалон“ – збирка раскази напишани на струшки дијалект и сленг. Неговата втора збирка раскази е насловена „Секој со своето езеро“. Добитник е на наградата за краток едноминутен филм на Скопскиот Филмски Фестивал во 2010 година. Јолдески е еден од основачите на групата Wezdensky– отворено арт здружување, преку кое досега беа изведени следниве претстави: „Ајнштајновите сништа“ – Ален Лајтман, „Инсомниа“ – Димитрие Дурацовски и театарска адаптацијата на расказот на Данил Хармс – „Старицата“. Јолдески е и еден од основачите на ИНКА (Иницијатива за независен културен активизам), формирана во 2013 година.

nenad-diveristy

Магла

  Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Една птица удира во полуотворената ролетна. Трета за денеска. До мене стои...