Articles by Наташа Сарџоска

6.3.Natasha-photo-by-Hani-Arbid

Наташа Сарџоска е родена во Скопје, во ноември 1979. Преведувач и толкувач од француски, англиски, италијански, шпански и португалски јазик, новинар, професор по италијански јазик, поет, писател, завршува нижо балетско училиште во Скопје и извесно време е дел од балетската трупа Ребис. Дипломира на Филолошкиот факултет во Скопје, на одделот за романски јазици и компаративна книжевност, има магистерски студии завршено во Лисабон, Бергамо и Перпињан со престижната стипендија Еразмус Мундус, каде што изработува магистерска теза на тема поврзаноста меѓу сексуалноста и политиката во романот Петролеум на Пјер Паоло Пазолини, којашто ќе биде објавена во Националната Библиотека на Португалија. Во ноември 2013 докторира на престижниот Универзитет Карлс Еберхард во Тубинген и на париската Нова Сорбона, со докторска теза за границите и лиминалноста во номадска уметност во творештвото и животот на иселени писатели и уметници од поранешна Југославија.
Работела на меѓународни проекти за Италијанската Амбасада, Министерството за Правда на Италија, Меѓународната Организација за Миграции, Светската Банка и Европската Комисија, а и како експерт за високо образование за Француската Агенција АЕРЕС. Предавала италијански јазик на Штуловиот Универзитет, а гостувала со предавања и на меѓународни конференции во Универзитетите во Копенхаген, Хумболт во Берлин и ЦЕУ во Будимпешта. Била уредник на списанието на Erasmus Mundus Association EMANATE, си седиште во Брисел. Соработува со разни редакции и списанија (Doppiozero, Milan; Transmidia, Rio de Janeiro), а во моментов е дел од редакцијата за есеи на списанието Блесок.
Го открива аргентинското танго во 2008 и заедно со маестро Рафаел Рамирез организира работилници и настани за промоција на аргентинската култура во Македонија, (www.tango.mk). Сака готвење, музика, филм, јога и фотографија.

Публикации
 Сарџоска, Наташа, Кожа, збирка поезија, Де Одорико Каза, Скопје, 2013;
 Sardzoska, Natasa, Dwelling in borderline, feelings of being uprooted: Interview with Slavenka Drakulic, Transmidia Review, January 2012, Rio de Janeiro;
 Sardzoska, Natasa, Nomadic capture of communicating spaces and the reconfiguration of territoriality in the essays of David Albahari and the performing art of Marina Abramovic pp.149-156 in Ciberlegenda, edited by Paula Sibilia and Maurício de Bragança, January 2012, Rio de Janeiro;
 Sardzoska, Natasa, Balkan Nomadic Baroque: Marina Abramovic and spatial turbolences, Transmidia Review, December 2011, Rio de Janeiro;
 Sardzoska, Natasa, Transcendental convection of the face in the movie Persona by Bergman, Blesok N. 80-81, September 2011, Skopje;
 Sardzoska, Natasa, To live is to dance tango, Blesok N. 70, January 2010, Skopje;
 Sardzoska, Natasa, Loneliness of the shape: Alfred Stieglitz’s photography: from the realistic New York cityscape to an abstract impressionism, Blesok N. 69, November 2009, Skopje;
 Interview avec M.mme Marielle de Sarnez, MEP, Emanate Magazine, Bruxelles, 2008.
 Сарџоска, Наташа, Сината соба, Дијалог, Скопје, 1999.

Преводи
-Превод на романот Утрото на Светот од Педро Гиљерме Мореира од португалски јазик, издавачка куќа Антолог, Скопје, 2013;
-Превод на романот Ерусалим од Гонсало Тавареш од португалски на македонски јазик, издавачка куќа Блесок, 2013;
– Превод од италијански на македонски јазик на трилогијата: Жената од Порто Пим; Индиско Ноктурно; Конецот на хоризонтот од Антонио Табуки, Култура, Скопје, 2005;
– Превод и избор на поезија од Џозуе Кардучи од италијански на македонски јазик за едицијата Нобеловци на Министерството за Култура на Р. Македонија и издавачка куќа Микена, Битола, 2009;
– Превод од италијански на македонски јазик на романот Теорема од Пјер Паоло Пазолини Дијалог, Скопје 2004;
– Прв превод на македонски јазик на книгата Пинокио, Детска Радост, Скопје 2002.

12607243_10207146311207722_578423301_n

Избор поезија од Наташа Сарџоска

  Кожа Студ горешт оган в шума Сирови корки на работ од овој прозорец Гледам, се втурнувам без да мислам Во едно зажарено подрачје Што ме обновува и гори и витка до коски и...