Articles by Мике Бал

5.4.PHOTO_Mieke_Bal

Мике Бал, познат културен критичар и теоретичар, е професор по Теорија на литературата и директор на Амстердамската школа за културна анализа, теорија и интерпретација при Универзитетот во Амстердам.
Нејзината книга: Цитирајќи го Караваџо: современа уметност, бесмислена историја беше објавена во јули 1999 година од Универзитетот на Чикаго. Меѓу многуте нејзини книги се: Наратологија: вовед во теоријата на наративот (2. темелно ревидирано и проширено издание, Универзитет на Торонто, 1997), Ишаран екран: Визуелно читање на Пруст (Универзитет Стенфорд, 1997), Двојни осветлувања: предметот на културна анализа (Рутлеџ, 1996) и Читајќи го Рембрант: зад опозицијата збор-слика (Универзитет Кембриџ, 1991 [1994]). Исто така, таа има уредено еден програмски том на Практиката на културната анализа: Подложување на интердисциплинарната интерпретација, издаден од Универзитетот Стенфорд во мај 1999, што дава добра идеја за природата и практиката на културната анализа. Големината на придонесот на Мике Бал кон истражувањето е призната и од претстојната публикација Гледајќи внатре: уметноста на гледањето, есеј и поговор на Мике Бал, со коментар на Норман Брисон, што треба да ја издадат G&B Arts Internacional како дел од нивните серии Критични гласови во теоријата на уметноста и културата.
Тековни позиции: (од јули 1991) професор по Теорија на литературата, Универзитет во Амстердам; (од јануари 1994 – јуни 1998) директор на Амстер¬дам¬ската школа за културна анализа.
Области на интерес: литературна теорија, семиотика, визуелна уметност, културни студии, постколонијална теорија, француски јазик, еврејска Библија, седумнаесетти век и современа култура.

12575884_10203866476542164_1133579925_n

Поетика на миграциите: Соочување со разделбата

    – Увод – Замислете галерија која изгледа како дневна соба и чијашто посета е еден вид социјална потреба. Гледаме портрет на една жена која зборува со некого друг. (Се разбира, на почетокот...