Articles by Михаел Кригер

1.4.Michael Kruger - photo BIO

Михаил Кригер (поет и прозаист, издавач, преведувач) е роден 1943 година во Витгендорф, Германија, а голем дел од младоста поминал во Берлин. По школувањето се посветил на професијата издавач, а подоцна студирал филозофија и книжевност. Од 1962 до 1965 година работел како продавач на книги во Лондон. Од 1968 година Михаел Кригер работи како лектор во издавачката куќа „Карл Ханзер”, а од 1986 година и како уредник. Во 1972 година ги објавува своите први песни, а четири години подоцна и првата поетска книга. Неговата прва збирка раскази „Што да се прави: старомодна приказна” ја објавил во 1984 година. Потоа следуваат неколку книги поезија, раскази, преводи и романи. За своите дела има добиено значајни признанија како што се наградата „Peter Huchel”, наградата „Mörike”, признанието „Joseph Breitbach”, наградата „Toucan” во 1986 година и „Prix Médicis étranger” во 1996 година. Повеќе од три децении бил уредник на списанието „Акценте”. Михаел Кригер живее во Минхен и е претседател на Баварската академија за уметности. Изборот поезија на македонски јазик „После природата”, во препев на Елизабета Линднер, го објави „Блесок” во 2012 година.

1.3.mihail-kriger-PHOTO-COVER

Избор поезија од Михаел Кригер

                                                                   ...