Магдалена Делкова (1992) е апсолвент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, во Скопје. Во потесна област на научно-истражувачки интерес и се: фикција, поезија, креативно пишување, интермедијалност, интртекстуалност и интердисциплинарност; книжевна критика, книжевна теорија и херменевтика.
Неколку нејзини текстови (толкувачки есеи, критики, репортажи…) се објавени во книжевните списанија МИРАЖ, DIVERSITY и РЕПЕР.
Асистент е на потпретседателот на Меѓународниот ПЕН акад.Катица Ќулавкова и, на невладина организација на писатели и интелектуалци МАКЕДОНСКИ ПЕН ЦЕНТАР.
Таа е уредник на меѓународното електронското списание за уметност и книжевност РАЗНОЛИКОСТ/DIVERSITY на Меѓународниот ПЕН и е проект менаџер на мултимедијалниот арт фестивал БОШ Фестивал.