Articles by Катица Ќулавкова

Катица (Ката) Ќулавкова е родена на 11 декември, 1951 година во Велес, Република Македонија. Таа е поет, теоретичар на литературата и есеист. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. На истиот факултет магистрирала, а докторирала на Филолошкиот факултет во Загреб, Хрватска, во 1986 -та година. Денеска, таа работи како редовен професор на катедрата по Општа и компаративна книжевност, на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Досега била вклучувана во повеќе научно-истражувачки проекти, била учесник на повеќе интернационални поетски фестивали, симпозиуми и истражувачки проекти (Париз, Истанбул, Москва, Харвард, Неапол, Солун, Лахти, Родос, Загреб, Струга, Лисабон, Мерсеј…). Нејзините песни се преведувани на повеќе јазици и објавувани во избори на современата македонска поезија. Таа е член на Македонската Академија на Науките и Уметностите, на Македонскиот ПЕН Центар, на Друштвото на писателите на Македонија, на Друштвото на Компаратисти на Македонија. Претседател на Комитетот за Превод и Јазични Права на Интернационалниот ПЕН. Главен уредник на интернационалното електронско издаваштво за поезија, фикција и есеистика, Diversity/Diversite/Diversitas/Raznolikost (www.diversity.org.mk).

kk-final-3D

Кога ни гореше под нозете

  Книгата Кога ни гореше под нозете е двојазично издание, на оригиналниот, македонски јазик и во превод на руски јазик (превод на Олга Панкина). Таа е придружена со предговор на проф. д-р Ала Шешкен...