Articles by Гоце Смилевски

Гоце Смилевски е роден во Скопје, во 1975 година. Се образувал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (компаративна книжевност, на Карловиот универзитет во Прага (Чешка литература), и на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (магистер по родови студии). Ги објавил романите “Планетата на неискуството” (2000) и “Разговор со Спиноза” (2002). За романот “Разговор со Спиноза” ја добил наградата Роман на годината на “Утрински весник”. Романот е објавен во Полска, Србија, Словенија, а во 2006 година ќе се појави и на хрватски и англиски (во САД). За есејот “Инцестот во романите ‘Човек без својства’ од Роберт Музил и ‘Врева и бес’ од Вилијам Фокнер” ја добил наградата за есеј “Блаже Конески”. Неговиот расказ “Смртта на Херман Брох”, во превод на германски на Клаус Детлеф Олоф, е објавен во австриското списание “Лихтунген”. Најмлад член е на Македонскиот ПЕН Центар.

goce-smilevski-diversity

Преминување на границите

  СЦЕНА 1 (Просторија: шкаф, кауч и столче. Искра влегува во просторијата. Го отвора шкафот, од него вади кукла). ИСКРА: (На куклата) Добар ден, докторе Фројд. (Ја носи куклата до столчето, ја седнува на него....