Articles by Гаетано Лонго

Италијанскиот поет и прозаист, Гаетано Лонго е роден во Трст, Италија, на 6ти јануари, 1946 година каде што живее и работи. По воената Академија завршил студии по Политички науки и економија (Trst, Bolowa, Buenos Aiares) и докторирал на Универзитетот Konstantin Stere (Moldavia). Игри на рамнотежа е една од неговите почетни поетски збирки, објавена во 1987 година, кога за прв пат престојува во Струга, добивајќи ја во таа прилика наградата на Нова Македонија. Матеја Матевски кој од самиот почеток го следи неговото творештво, во својот воведен дел од една од следните негови збирки Лузни за сеќавањето ќе го каже следново: „Читајќи ја неговата поезија, Гаетано Лонго го доживуваме како поет сиот внесен во барањето на сопствениот идентитет, прво човечки и морален, потоа, преку него, или поточно во единство со него, и својот сензибилитет на лиричар, особеноста на сопствената творечка личност. Таа персоналност свртена со сетилата и со мислата кон својот внатрешен свет и кон светот во кого, од кого и за кого живее, го упатува неговото поетско љубопитство кон широкото поле од мотиви за кои и од кои се твори неговата песна.“ Пред и по оваа своја збирка, Гаетано лонго во својата биографија ќе ги вклучи и следниве збирки: Шах мат (1990), Атмосфера на тетоважи (1994), Дневник на еден паганин (1997), Неповратни пејзажи (1999), Антологија на делириум и на чуда (2001), Графити, Поетска антологија (1982-2001), Времиња и невремиња (2005), Заеднички места (преведена и објавена на македонски во 1994), Лузни за сеќавањето (преведена и објавена на македонски во 2010), и многу други. Добитник е на бројни домашни и меѓународни признанија, меѓу кои и наградите Sandro Pena (Перуџа), наградата на Нова Македонија (во 1997), меѓународната награда за поезија Mikae Eminesku (Романија), Gligora Veru и многу други. Како фриленс новинар и воен известувач работел за RAI, во соработка со ТВ Куба го објавува документарецот “Adio Jugoslavija”, за кој ќе го направи и сценариото. Работел како новинар во во редакциите на Il Manifesto (Рим), Il Picclo (Трст), Trieste oggi (Трст), Cubavision internazionale (Куба), бил одговорен директо на Радио Трст. Денес Гаетано Лонго е уметнички директор на Поетскиот Фествиал во Трст, почесен конзул на Колумбија во Италија, но е и постојан член на редакциите на бројни поетски други списанија. Потпретседател на фондацијата Mihai Eminesku (Романија) и член на бројни домашни и странски редакции, пред сè во Италија, Шпанија и Романија. Освен на италијански, Гаетано Лонго еднакво пишува и на шпански јазик.

gaetano-final-3D

Игри на рамнотежа

  „Игри на рамнотежа“ е една од почетни поетски збирки на Гаетано Лонго, објавена во 1987 година, кога за прв пат престојува во Струга, добивајќи ја во таа прилика наградата на Нова Македонија. Поетската...