Articles by Џудит Родригез

Меѓу десетте објавени збирки на Џудит Родригез спаѓа и одличната Нови и избрани песни (УКП). Меѓу поновите збирки се Студ (Национална библиотека на Австралија) и „Бесењето на Мини Твејкс“, балада и стихови во антологијата на Кери Гринвуд За убиството: Записи за вистинските злосторства во Австралија (Блек инк, 2002). Соработувала со Робин Арчер на драмата Кутрата Јоана, и со сиднејскиот композитор Мое Хендерсон на операта Линди, во продукција на Опера Австралија во Сиднејската опера во 2002 година. Приредила неколку важни антологии, а во 1990-ите ја уредувала австралиската поетската листа за издвачката куќа Пингвин. Џудит е почесен професор на универзитетот Дикин. Многу соработува со Меѓународниот ПЕН и Пријателите на АБВ.

Објавени книги:

Четири поети (со Родни Хол, Дејдив Малуф, Доналд Мејнард, Cheshire Press, Мелбурн, 1962)
Ново-пластична фанфара црвена (Paperback Poets, University of Queensland Press, 1973)
Воден живот (University of Queensland Press, 1976)
Сенка на стакло (Open Door Press, 1978)
Краба кај Гамбаро (University of Queensland Press, 1980)
Вештеркино срце (Sisters Publishing, 1982)
Нови и избрани песни (University of Queensland Press, 1988)
Студ (Pamphlet Poets, National Library of Australia, 1992)
Бесењето на Мини Твејкс (во За убиството: Записи за вистинските злосторства во Австралија ур. Кери Гринвуд. Black Inc, 2000)
Терор: песни (за Терор! Изложба, Dandenong Ranges Cultural Centre, 2002)”

tri-zeni

„Живот посветен на книжевноста“

  ЖИВОТ ПОСВЕТЕН НА КНИЖЕВНОСТА Во своите дваесетти, со елегична сигурност знаеше дека ќе умреш млада. Срцевиот удар на татко ти тоа дополнително ти го потврди. Триесеттата ти беше најлоша година: триесеттите фатални за...