Articles by Џон Ралстон Сол

Џон Ралстон Сол, (роден на 19 јуни 1947 година) е канадски автор, есеист, претседател на Меѓународниот ПЕН, и ко-основач и ко-претседател на непрофитниот Институт за канадско државјанство.

Како есеист, Сол е особено познат по своите коментари за:
природата на индивидуализмот,
државјанството и јавното добро;
неуспесите на менаџер- предводените општества;
забуната меѓу лидерството и менаџирањето;
воената стратегија;
улогата на слободата на говорот и културата и за неговата
критика на аргументите за современата економија.

Роден во Отава, Сол студирал на Универзитетот Мекгил во Монтреал и на Кралскиот колеџ во Лондон, каде што ја напишал својата теза за модернизацијата на Франција под Шарл де Гол, и својот докторат во 1972 година. По асистирањето да се формира националната нафтена компанија „Петро –Канада“ во 1976 година, како асистент на својот прв претседател Морис Ф. Стронг, го издава својот прв роман „Грабливи птици“ во 1977 година.

На крајот на 1970-тите и 1980-тите години, Сол редовно патува со герила војски, поминувајќи доста време во Северна Африка и Југоисточна Азија. Оттука ја црпи инспирацијата за трилогијата „Полето“. Во текот на тие продолжени престои во северозападниот дел на Африка и Југоисточна Азија, Сол бил сведок на владината суперсија на слободата на говорот од која страдале неговите колеги писатели. Токму ова потиснување на слободата на изразување од страна на Владата го натерала да се заинтересира за работата на Меѓународниот ПЕН. Во 2009 година е избран за претседател на Меѓународен ПЕН.

Untitled-1

20 ГОДИНИ ПОДОЦНА – „Несвесна цивилизација“

Специјален предговор на Џон Ралстон Сол претседател на Меѓународниот ПЕН, за македонското издание на книгата „Несвесна цивилизација“ објавена во издание на ПОЕТИКИ – Друштво за уметност, 2015 година. Скопје, Р.Македонија      Јас сум...