Articles by Димитар Башевски

Димитар Башевски, романсиер и поет. Роден 1943 година во Ѓавато, Битолско. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Долги години работел како новинар, постојан дописник од Атина и уредник, а потоа како издавач. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“ од Скопје. Сега е главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Од 2000 до 2006 беше претседател, а потоа почесен претседател на Македонскиот ПЕН центар. Башевски е автор на следните дела: Туѓинец, роман, 1969; Враќање, роман, 1972; Раска, роман, 1974; Нема смрт додека ѕвони, роман, 1980; Една година од животот на Иван Плевнеш, роман, 1985; Куќата на животот, поезија, 1987; Сарајановскиот каранфил, роман, 1990; Дневникот на Ања, роман за деца,1994; Привремен престој, поезија, 1995; Совладано време, поезија, 1998; Бунар, роман, 2001, Аголен камен, поезија, 2005; Братот, роман, 2007. Негови книги се преведувани и објавувани на англиски, чешки, романски, грчки, српски, турски и албански јазик. За своите книги, тој ги има добиено наградите 11 Октомври, Рациново признание, Печалбарска повелба, Ванчо Николески и наградата Роман на годината („Утрински весник“) за романот „Бунар“, кој во 2002 година беше номиниран за меѓународната награда „Балканика

basevski-final

Дневникот на Ања

       „Вторник, 11 октомври Излегов на малата ниска тераса од куќата и гледав надвор во пространоста на пределот и во светлината на денот. Во дворот со трева, Јане и Оги играа бадмингтон....