Articles by Давор Стојановски

Давор Стојановски е роден во Скопје во 1987 година. Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Магистрант е на групата за македонска книжевност. Застапен е во домашни и странски поетски и прозни антологии или списанија, учесник е на повеќе книжевни манифестации. Добитник на наградата „Ана Франк“, како и на откупната награда за расказ на дневникот „Нова Македонија“, за расказот „Соба со тенки ѕидови – сонувајќи го Цејлон“ (2011). „Ненасловена месечева соната“ (ИЛИ-ИЛИ, 2013) е неговиот прв роман.

nenaslovena-meseceva-sonata

Ненасловена месечева соната

  „Кога заврши, седна врз подот. Натажена и задишана. Му погледна в очи. „Што мислиш ти за мажите, Јон?“, го праша. Тој долго молчеше. Со замислен поглед го одмеруваше августовското ноќно небо низ прозорецот....